Од денес, 29-ти октомври почнува зимскиот распоред на летање на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Оттаму објавија дека во зимската сезона на граѓаните ќе им бидат достапни вкупно 44 авиодестинации кои ќе летаат од и до Скопје. Меѓу нив се главните градови во регионот како Белград, Загреб, Сараево, Љубљана и Атина, а и дел од големите европски градови како Париз, Рим, Истанбул или Франкфурт.
Зимскиот распоред на летање ќе трае до 31-ви март 2024 година.
Деталите за дестинациите, авиокомпаниите и фреквенциите на летовите ќе може да ги најдете на официјалната веб-страницата на аеродромот.