Во Скопје денеска ќе се отвори хуманитарен пункт за настраданите семејства од пожарите во Свети Николско и Источна Македонија. Пунктот ќе биде лоциран до „Ист Гејт Мол“, до комуналното претпријатие и супермаркетот „Еконас“ во канцелариите на КСОМ веднаш до пешачкиот премин.
Волонтерите на пунктот ќе работат од 16 до 20 часот, а материјалните добра кои се најпотребни се конзервирана храна, душеци , ќебиња, чаршафи, перници и сочувана исперена облека и сортирана на принцип – машка или женска и величина и возраст. Потоа, потребни се машки или женски патики од сите броеви, дезинфицирани во ќеса.
Контакт телефон за Скопје е 070/601-068 од 9 до 21 часот, доколку заинтересираните сакаат да донираат во Скопје, но немаат превоз да донесат донација.
Сите пак кои сакаат да волонтираат или да помогнете со локален транспорт или превземање на донациите, можат да контактираат на официјалниот број или на Вибер од 9 до 21 часот.
Акцијата е во координација на коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерацијата на Синдикалните организации на Македонија и Интернационална Полициска Организација.