Александра Христов е креативна личност со бројни улоги и вештини – од цртање, дизајн и фотографија, до пишување проза, код и активности со деца.
Таа ќе гостува на третото издание на Creative Talks – серијалот настани во кои се зборува исклучиво за креативност.
Целта на овие настани е да започнеме дискусија која понатаму ќе вроди со акција. Заеднички преку споделување на идеи и дискутирање за креативноста да го поттикнеме растот и развојот на нашата креативна заедница.