Од 22 ноември 2024 година, регистрирани се 17 напади врз луѓе собрани за време на блокади и протести поради падот на настрешницата во Нови Сад. Падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад ги поттикна студентите и граѓаните да излезат на 15-минутни блокади во знак на сеќавање на жртвите, што ги поттикна арогантните возачи и симпатизерите на Српската напредна странка (СНС) да ги нападнат, пишува Данас.
Поради ова, започнаа блокадите на факултетите, но речиси два месеци подоцна насилството на улиците не стивнува.
Први беа нападнати студентите на Факултетот за драмски уметности на 22 ноември од непознати лица, за кои подоцна беше утврдено дека се поврзани со СНС. Нападнати биле и вработени и новинари кои случајно се нашле таму, а собирот бил најавен.
Неколку дена подоцна, на 6 декември, пред Ректоратот на Универзитетот во Белград, за време на оваа акција маж со автомобил влета во толпата, поради што четворица музичари на Филхармонијата завршија во Ургентниот центар.
Во Нови Сад на 9 декември на собир пред Градското собрание се појавило непознато момче и ја почнало да ја снима новинарката на Н1, а откако таа почнала да го снима, тој и го одзел телефонот.
Пред Електротехничкиот факултет во Белград, М.М. на 10 декември удрил студент на Правниот факултет кој учествувал на собирот „Застани Србијо“.
За време на блокадата на улицата „Футошка“ на 13 декември, четворица се возеле низ толпата со Порше, го паркирале автомобилот, излегле од него и почнале да ги тепаат граѓаните. Во таа прилика биле повредени двајца демонстранти.
Истиот ден во Белград беа нападнати ученици од Осмата белградска гимназија. Мажите излегле од возилото, нападнале еден од учениците, по што започнала тепачка.
На 14 декември ученик бил удрен и на тротоарот во улицата „Кнежа Вишеслава“ во Белград, а возачот избегал од местото.
На 15 декември возило влета во толпата насобрана пред Земјоделскиот факултет во Земун, едно лице остана на хаубата од автомобилот, а уште неколку завршија на бетонот.
Речиси истата ситуација беше повторена и ден подоцна пред Факултетот за безбедност, со тоа што во овој инцидент нема повредени, а возачот кој налета на толпата подоцна беше уапсен.
На Фармацевтскиот факултет во Вождовац, на 19 декември возач на автомобил се обидел да помине низ блокадата, соборил професорка на овој факултет и ја повредил.
Три дена подоцна, такси удри човек пред Народното собрание. Во Шабац, ден потоа, такси носело неколку ученици од Гимназијата на хаубата, учениците не биле повредени, но на нивната наставничка и била констатирана повреда на раката, бидејќи се обидувала да ги одбрани.
Веќе на 27 декември возило насилно ја проби блокадата на Економскиот факултет, удирајќи го студентот што го носеше на хаубата и продолжи да се движи.
На студентскиот протест за Нова година, бело комбе возеше низ толпата пред Ректоратот, не застана, но нема повредени.
Првиот напад во 2025 година се случи на 3 јануари во Нови Сад. Во текот на студентската прошетка, возачот налетал на учениците, излегол од автомобилот за да се пресмета со нив, по што возачот на друг автомобил излегол да ги одбрани учениците. Напаѓачот побегнал.
Новогодишна ноќ на Правниот факултет во Србија ја одбележа инцидент, непознати лица влегле во просториите на факултетот, нападнале неколку студенти, шестмина од нив се пренесени во Ургентниот центар.
Најсериозниот напад се случи на 16 декември за време на блокадата на улицата „Рузвелтова“, кога возач покоси студентка од Правниот факултет. Девојчето со тешки повреди заврши во Ургентниот центар, возачот е приведен и поднесена е кривична пријава за тешко убиство во обид.
Приведени се добар број напаѓачи на студенти и граѓани, но останува да се види дали и кога ќе бидат соодветно казнети.
По вчерашниот инцидент се одржаа протести ширум Србија. Студентите од целата земја порачаа „Нема да не газите“. Блокадите и протестите продолжуваат и денеска, а студентите во блокада вечерва најавија протест пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС) поради тоа што, како што велат, доста им е од медиумската тишина.