Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања и регистрирани се 949 нови случаи на КОВИД-19, како и 33 починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Меѓу починатите е и 25-годишно лице од Гевгелија, 40-годишно од Тетово, како и 49-годишно од Битола. Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите во болнички услови.
Во последното деноноќие се регистрирани и 737 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 144.111, бројката на оздравени пациенти е 119.683, на починати е 4.322, а бројот на активни случаи изнесува 20.106.
Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје 9161, Куманово 1257, Прилеп 1026 и Битола 1291.
Како што информираа од Минстерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1762 и има околу 310 празни болнички кревети во ковид центрите.