Од креативни муабети до акција – дискусија со фотографското дуо Ани и Дими

Creative Talks е серија на настани кои во идниот период ќе понудат најразлични муабети за креативноста.

Целта на овие настани е преку споделување на идеи и дискутирање за креативноста да се поттикне растот и развојот на креативната заедница.

Во првата Creative Talks дружба ќе се одржи разговор со Ани и Дими (Ani Dimi) – фотографско дуо со огромно искуство со едиторијали и комерцијални фотографии.

Тие ќе зборуваат за својот креативен процес, своите почетоци и раст, учењето од сопствените грешки, фидбекот од публиката и уште многу други теми кои бараат креативно снаоѓање.

Дискусијата ќе се одржи на 18-ти декември во 18 часот во Europe House Skopje.