Филозофското друштво на Македонија информира дека од печат излезе 34. издание на списанието „Филозофска трибина“.
„Оваа свеска нема централна тема и во неа можат да се сретнат 6 авторски текстови, од Мирко Ѓошевски, Трајче Стојанов, Марија Тодоровска, Александар Стаматов, Пантелеј Кондратјук и Бошко Караџов“, велат од ФДМ.
Списанието содржи и два преводи на текстови, од Еуген Финк и Стивен Фридман, во превод на Трајче Серафимовски и Ана Димишковска.
Во рубриката Студентски форум има три текстови, од Сара Котеска, Андреј Лазаревски и Илија Вељаноски.
„Рубриката Прикази содржи еден прилог од Ана Димишковска. Последната рубрика Филозофски живот ги содржи стандардните прилози (прегледите на филозофските настани и на новообјавените наслови со филозофско педигре), како и Осврт кон 13. Филозофски филмски фестивал сочинет од Марија Велинова“, се вели во соопштението.
Изданието е поддржано од Министерството за култура. Тоа може да се најде во книжарниците „Или–Или“, „Култура“ и Буква по цена од 150 денари.
Целокупната содржина на бројот е достапна на следниот линк од веб-страницата на Филозофското друштво на Македонија.