Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информираат дека поради завршување на учебната година, од понеделник, 13 јуни, јавниот превоз ќе сообраќа по летен возен ред, а ученичките бесплатни билети нема да важат за време на летниот распуст.
„Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни“, велат оттаму.
Од ЈСП истакнуваат дека основците и средношколците, освен матурантите, ќе можат да купат месечен билет за јули или август по цена од 600 денари.
„За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави ученичка книшка на увид“, дополнуваат од претпријатието.