Од Скопје до Богомила – во сабота велосипедска тура по повод Денот на независноста

Претседателот на Сојузот на спортовите на Скопје, Ѓорги Кузмановски, на 77-годишна возраст, и Дејан Момировски, поранешен велосипедист и тренер на 50- годишна возраст, во сабота ќе извозат велосипедска тура по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Турата долга 90 километри ќе започне од плоштадот Македонија во Скопје во 9:30 часот, а треба да пристигнат во Богомила во 13 часот.

Настанот е под покровителство на Владата на Република Македонија и има цел да прерасне во активност што ќе го негува здравиот живот во Македонија.

Сојузот на спортови Скопје организира велосипедски тури во последните 5 години и тоа:

2012 Битола – Скопје 175 км
2013 Скопје – Гевгелија 165 км
2014 Скопје – Свети Николе 77 км
2015 Крушево – Скопје 152 км
2016 Штип – Струмица 110 км
2017 Маврово – Кичево – Битола 122 км