Бугарската влада го одобри Меморандумот за соработка помеѓу министерствата за транспорт на Бугарија и на Македонија за развој на железничкиот сообраќај. Нашиот источен сосед ја презема обврската да ја догради пругата Софија – Перник – Радомир – македонска граница до 2027 година, објави build.mk.
Македонската влада се обврзува дека трите фази од изградбата на пругата од Куманово до граничниот премин Деве Баир ќе ги заврши до 2025 година. Меморандумот за соработка наскоро ќе се потпише од владите на двете земји.