Од утре започнуваат инфосесиите на Министерството за култура и туризам за годишните конкурси за поддршка за проекти од национален интерес

Од утре започнуваат инфосесиите на Министерството за култура и туризам за олеснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси за поддршка за проекти од национален интерес во културата за 2025 година.

Инфосесиите ќе ги спроведат тимови од Министерството за култура и туризам, а се наменети за сите корисници на буџетските средства на овие конкурси, со цел да се одговори на сите отворени прашања во врска со пријавувањето.

Распоред на инфосесиите:

Штип

8.10.2024 г. (вторник) во 11 часот – НУ Центар за култура „Ацо Шопов“

Струмица

9.10.2024 г. (среда) во 11 часот – НУ Центар за култура „Антон Панов“

Гостивар

10.10.2024 г. (четврток) во 11 часот – НУ Центар за култура „АСНОМ“

Битола

14.10.2024 г. (понеделник) во 11 часот – НУ Народен театар-Битола

Охрид

15.10.2024 г. (вторник) во 11 часот – НУ Центар за култура „Григор Прличев“