ОДАС (Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите) реагира на нефункционалниот и несигурен јавен превоз кој може да ги остави средношколците и студентите без начин да стигнат на училиште или факултет, пренесува агенцијата Мета.мк.
„Тековниот застој и прекин во системот на јавен превоз во Град Скопје доведе до можноста учениците и студентите да останат без сигурен и достапен начин да стигнат до училиште или факултет. Недостатокот на сигурен јавен превоз стана пречка за достапното образование на многу ученици и студенти“, велат од ОДАС.
Оттаму бараат од Градот Скопје бараме да се посветат на решавање на овој проблем до септември, односно до почетокот на академската година, при што ќе се обезбедат безбедни и функционални автобуси и ќе се обезбеди навременост на линиите.
„Апелираме овој проблем што побрзо да биде решен за средношколците и студентите достојно да можат да ја започнат академската година“, велат од ОДАС.