Историјата на Ромите започнува да се пишува во Индија, од каде потекнуваат нашите корени. Уште пред 1000 години ромскиот народ масовно се ширел насекаде низ светот, за да во 14 век стигне до Балканот. За голем дел од луѓето 8 април е само еден обичен ден, но за нас Ромите тој ден е многу значаен, затоа што тогаш се слави Ромската култура и се подигнува поголема свест за проблемите на Ромите. Овој ден беше официјално прогласен во 1990 година во Полска во чест на првата меѓународна средба на ромски преставници.
Во рамките на општина Тетово, годинава 8 Април се одбележува со свечена манифестација во тетовскиот хотел Лираку, поддржана од граѓанската организација ,,Сонце”. На настанот ќе биде прикажан ромскиот фолклор, поддржан од КУД ,,Пралипе”, ќе има драмска изведба, каде главниот акцент ќе биде ставен на дискриминацијата врз Ромите и во завршниот дел ќе се изведат ромски традиционални песни. После оваа манифестација, ќе има фрлање на рози во реката Пена, како сеќавање на II светска војна, односно Холокаустот, во кој животот го загубиле
Во 21 век, Ромите се горди на својата историја, знаме, химна, јазик и секако на овој ден 8 Април, кој веруваме дека ќе го слават уште многу идни генерации.
Селвије Мустафи, Медиа/арт клуб Тетово