Словенечкиот центар – Скопје и Амбасадата на Словенија вечерва во Кинотеката на Македонија организираат традиционално одбележување на словенечкиот културен празник – Прешернов ден.
Одбележувањто ќе биде реализирано во соработка и со студентите по словенечки јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје. настап ќе има Женскиот младински хор при МКЦ, а со музичка програма ќе се претстави и оркестарот на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен” – Скопје. Поддршка на настанот дава и Бирото на словенечката Влада за Словенците во соседството и по светот, а во одбележувањето на „Прешерновиот ден“ ќе учествуваат и ученици што посетуваат дополнителна настава по словенечки јазик во Македонија.
Февруари е месец на културата во Република Словенија кога се прославува најистакнатиот словенечки поет Франце Прешерн, кој починал на 8 февруари 1849 година.
Влезот за присуство на одбележувањето е слободен.