Со голем концерт на класична музика кој синоќа се одржа во Безистенот во Штип , учениците од средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип, покажаа што научиле во текот на изминатата учебна година. И изведувачите и публиката беа презадоволни од настапот на младите музичари.
На концертот настапија 14 ученици од класата пијано кои изведоа дела од познати композитори- класици за чија изведба веќе имаат добиено повеќе признанија или награди како во Македонија така и во странство.
Во продолжение неколку фотографии од атмосферата која синоќа владееше во штипскиот Безистен.
Медиа арт клуб „Актив“- Штип