Мултимедијалните уметници Richard Balzer и Brian Duffy дигитализирале колекција на анимации од средината на 19-от век, која првично е наменета за гледање на застарени направи како зоотроп или фенакистоскоп. Овие прастари анимации перфектно се вклопуваат во ГИФ форматот, чија популарност во денешно време постојано расте.
За да ги создадат овие гифови, двајцата уметници ги скенирале старите слики и внимателно ги составувале во Фотошоп, за да се задржи автентичната брзина со која сликите се менуваат во оригиналната форма.