Концертите на „Лајбах“ и Страјк кои требаше да се одржат во склоп на 22. издание на Таксират фестивал се одложуваат, информираат организаторите.
„Поради моменталната здравствена ситуација и се’ построгите ограничувања и мерки, решивме двата наредни настани во склоп на 22-рото издание на Таксират Фестивал – концертот на Страјк и концертот на Laibach , да ги одложиме за поубави времиња, со цел сите кои имаат желба, да можат да присуствуваат“, стои во соопштението.
Билетите остануваат достапни во продажба онлајн на – https://taksirat.mk/bileti/, a сите досега набавени билети остануваат валидни за новите датуми кои ќе ги објавиме дополнително. Исто така, постои и можноста за поврат на средствата преку MkTickets и contact@mktickets.mk