Одложено судењето за „Еразмус“, одбраната побара изземање на судијката

Судското рочиште за предметот „Еразмус”, во кој за поткуп се обвинети петмина професори и еден демонстратор од Економскиот факултет во Скопје, е одложено откако одбраната побара изземање на Судечкиот совет.

Во барањето е наведено дека судиите Љубинка Башеска и Ивица Стефановски, како членови на Кривичниот совет, веќе одлучувале по жалба во претходна постапка и поради тоа тие не можат да бидат непристрасни.

Судењето е одложено на неопределно време, додека в.д. претседателот на Судот, Татјана Михајловска, не одлучи по барањето за изземање.