Професори и експерти на полето екотуризам и рурален туризам присуствуваа на 5. „Форум за екотуризам преку регионални практики“ кој се одржа во хотелот „Александар Палас“.
Форумот се одржуваше во два панели. На првиот панел „Зелени хоризонти“ на кој беше истакнат потенцијалот на екотуризам што го има земјава.
„Многупати не можеме да ја повлечеме линијата помеѓу руралниот и екотуризмот, кај нас се повеќе се развиваат руралните подрачја, а одлични носители на екотуризмот се заштитените подрачја, националните паркови и паркови на природата и други форми на заштита, токму затоа што има професионален кадар, но од друга страна затоа што имаме можност за големи ЕУ средства за одржливо управување“, истакна Дијанa Катица, претседателка на хрватска асоцијација за туризам и рурален развој, „The Viilage Memebership club“.
„Земја со повеќе од 4.000 археолошки локалитети, 43 езера, 4 национални паркови, 70 % од територијата се планини, повеќе од 250 винарии и многу други неоткриени туристички можности, и затоа потенцијалите ги имаме кои со стратешки пристап треба во наредните 10 години со фокус на екотуризмот да генериранаат повеќе од 1 милијарда долари туристички промет и повеќе од 45.000 вработени во сектор туризам и угостителство. Мораме да работиме и градиме мостови на доверба помеѓу државниот и приватниот сектор, а екотуризмот ќе помогне во нови зелени работни места, локален економски развој, отворање на микро и мали услужни бизниси намалувајќи ја миграцијата, Од таа причина е потребен интегриран државен пристап преку мега-проекти фокусирани на руралниот труизам и екотуризмот кои оддржливо ќе го развиваат македонскиот туристички сектор”, изјави на Форумот доц.д-р Љупчо Јаневски.
На вториот панел „Екотуризмот и регионални практики“ панелистите се осврнаа на практики од регионот, а се истакна и важноста на винскиот туризам кој незаобиколен дел од екотуризмот. Свои излагања имаа Александар Клинчаров, сопственикот на винаријата „Клинчаров“, Ана Лабор сопственичка на уникатен концепт на фарма во Ресен – Царев двор, Христина Димеска- Трајкова, професорка на Природно-математичкиот факултет и Игор Гешовски сопственик и директор на Еко Логистик.
Заклучоците од престојниот Форум ќе бидат доставени до Министерствата за култура и туризам и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.
Форумот го организираше Здружението на граѓани за екологија, туризам, органско производство и истражувачка дејност – „Еко Партнерс“.