Вчера (8 мај), Центарот за кариера при Универзитетот на југоисточна Европа од Тетово, традиционално го организира Саемот на кариера. На манифестацијата учествуваа четириесетина компании, невладини организации и други институции. На студентите и средношколците од страна на компаниите им беа претставени можностите што ги нуди секоја организација: практична работа, вработување и други можности.
Младински образовен форум беше дел од овој настан. Студентите се интересираа за организацијата, за работењето, а дел од нив пројавија желба за вклучување во тековните активности и клубови на МОФ.
Пред присутните се обрати ректорот на универзитетот, проф. д-р Замир Дика. Тој истакна дека преку вакви и слични манифестации што традиционално ги организира универитетот, тој се доближува до врвните и престижни универзитети во светот. Ваквите настани се добра можност студентите да се сретнат директно со компаниите и да се информираат за можностите што ги нуди секоја организација.
Бобан Костадиновски