ОДС: Македонија нема стратегија за домување веќе 12 години – потребно е јавно домување наменето за различно групи на граѓани

Нелегални договори за закуп, регулирање на цената на пазарот на недвижнини, немањето стратегија за домување веќе 12 години, потребата од јавно домување наменето за различни групи на граѓани, како и недостатокот на политичка посветеност и приоритетите на политичарите за проблемите со домување и станарите.

Ова се дел од предизвиците за кои членовите на Организацијата за домување и станари изминатите два дена разговараа со експерти од Шведската унија на станари.

„Дискутирани беа различни области каде ќе може да се оствари соработката и направени беа компаративни анализи во делот на домување и законски регулативи во двете земји. На состанокот беше истакнато дека голем предизвик се недостатокот на инспектори за домување, кои во моментот ги има само 15. Регулаторна комисија за домување изготви измени и дополнување на законот за домување и веќе има подготвено анализа и предлози за унапредување на состојбата со домување, кои беа доставени до Министерство за транспорт и врски, и истите се разгледани од работната група формирана од страна на министерот за транспорт и врски“, истакнуваат од ОДС.

Фото: Организација за домување и станари

Во претходните два дена беше организирана и официјална работна средба во просториите на Регулаторна комисија за домување за можностите за соработка, партнерство и развој на заедничка програма во следните 2 години.

Експертите од Шведската Унија на станари посочија дека секоја година имаат повеќе од 300 илјади повици од граѓани што имаат проблеми со нивното домување. Нивното членство брои блиску 600 000 членови, што е скоро една 10тина од популацијата и тоа им дава сила и можност за застапување на правата на домување и станари.

Тие потенцираа дека ги покануваат политичарите и другите чинителите во општеството да разговараат за прашањата и да влијаат врз законодавството во интерес на станарите и пристапот до квалитетно и пристапно домување за нивните членови и генерално за сите станари.

Вториот работен состанок за подобрувањето на домувањето предвидено е да се одржи во октомври во Шведска, каде ќе се усвои 2 годишна програма 2025/2026. Иницијативата е поддржана од Шведски Институт.