Првата независна радио станица во Унгарија, „Клубрадио“ доби забрана за емитување откако викендов судот ја прифати одлуката на медиумските регулаторни тела на радиото да не му се продолжи лиценцата за емитување на програма во јавноста.
Оваа одлука претставува дополнителен удар врз независните медиуми во земјата кои се на мета од доаѓањето на премиерот Виктор Орбан на власт во 2010 година.
Претседателот на „Клубрадио“, Андрас Арато, во вчерашното соопштение до јавноста објаснува дека властите утврдиле дека радиото ги „прекршило правилата“ па поради тоа ја изгубило лиценцата. Либералниот медиум е една од последните преостанати критички радио станици во Унгарија.
Арато оваа одлука ја нарекол „срамна“, а за Еуроњуз изјавил дека планираат да се жалат пред Врховниот суд во Унгарија, потенцирајќи дека медиумот ќе продолжи да функционира онлајн, што наишло на позитивни реакции од нивните слушатели.
„Нема да бидеме замолчени, а доколку некој сака да не поддржи ние ќе се трудиме да ја работиме нашата задача за да може да живееме во подобар свет“, рекол тој.
Медиумскиот регулаторен совет на Унгарија, управуван од владејачката партија Фидез, утврдиле дека „Клубрадио“ задоцнило со доставување на потребната бирократска документација два пати во рок од една година, па поради тоа одлучиле да не му ја обноват лиценцата за емитување по 14 февруари. Од радио станицата пак тврдеа дека повеќе други радија, кои се наклонети кон власта, ги направиле истите пропусти но добиле продолжување на лиценците за работа.
Во соопштение од минатата недела, Националното здружение на унгарските новинари, го нарекоа „Клубрадио“ последниот јавен медиумски сервис во земјата чија содржина не е под влијание на владата.
„Хегемонијата на провладините медиуми ќе се зголеми за 100% со замолчувањето на Клубрадио, што е досега невиден пример во Европа“, велат од Здружението.
Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, на Твитер напиша дека ова е „уште еден замолчен глас во Унгарија и уште еден тажен ден за медиумските слободи“.
„Одлуката на судот во Будимпешта ѝ пресуди на последната независна радио станица во Унгарија. Последните промени во медиумските закони не дозволуваат Клубрадио да продолжи да емитува програма по 14 февруари.
Од „Хјуманс Рајт Воч“ одлуката ја коментираат како „последна од многуте примери како унгарската влада се пресметува со независните медиуми и ја презема контролата врз медиумската сфера“.
Human Rights Watch senior researcher Lydia Gall in September called the decisions surrounding Klubrádió “the latest in a long line of examples of the Hungarian government’s efforts to rein in independent press and take control over the media landscape”.
Унгарија е рангирана 89-та од 180 држави според слободата на медиумите во последниот извештај на Репортери без граници. Пред доаѓањето на Орбан на власт, во 2010 година, земјата се наоѓаше на 23-тото место во светот според оваа листа.