Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период, од 1 јули до 31 август на државните патишта, со кој се забранува движење на тешки товарни возила, чија вкупна маса преминува 15 тони, за време на деновите од викенд и за денови при екстремно високи температури, соопштија од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Временските интервали на забраната се во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 9 до 18 часот и во недела од 9 до 22 часот.
„Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот“, додаваат од Автомотосојузот на Македонија.
Ограничувањето, од АМСМ велат дека не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.