Истражувачкиот тим на „Strategy analytics“ соопштуваат дека продажбата на телефоните има најголем пад уште од времето кога смартфоните беа инвенција на пазарот. Односно, со појавата на коронавирусот, во февруари е забележан пад од 38% споредено со истиот период лани, јавува Би-Би-Си.
Авторот на извештајот Линда Суи, вели дека ширењето на коронавирусот во Кина имало големо влијание.
„Некои азиски фабрики не беа во можност да произведуваат смартфони, додека многу потрошувачи не беа во можност или не сакаа да ги посетуваат продавниците за малопродажба и да купат нови уреди“, рече таа.
Во извештајот се вели дека испораката на смартфони се намалила од 99,2 милиони во февруари 2019 година на 61,8 милиони во февруари 2020 година.
Февруари требаше да биде голем месец за индустријата за телефони, особено преку најголемиот годишен изложбен мобилен светски конгрес, каде за прв пат се презентираат нови телефони. Настанот беше откажан поради коронавирусот.
„Самсунг“, кој ги презентираше своите најнови телефони S20 во февруари, наводно забележал бавна примарна продажба на уредите.
Во меѓувреме, „Епл“ во однос прогнозите за профит рече дека светското снабдување со Ајфон ќе биде „ограничено“.
„Февруари 2020 година забележа најголем пад во историјата на светскиот пазар на паметни телефони“, рече Нил Мавстон, извршен директор „Strategy Analytics“.
„Снабдувањето и побарувачката на смартфони паднаа во Кина, опаднаа низ Азија и забавија во остатокот од светот. Тоа е период што индустријата за смартфони ќе сака да го заборави“, нагласи тој.
Истражувачката фирма соопшти дека очекува испораката на паметни телефони да продолжи да се бори во текот на март, сега кога вирусот се шири низ Европа и во САД.
Стотици милиони потенцијални клиенти сега се во изолација – или не сакаат да се упатат кон продавниците.
„Трговија на мало може да одлучи да понуди ‘дарежлив’ попуст на пакетите за да ја зајакне продажбата“, велат од „Strategy Analytics“.