Океаните во 2022 година со рекордно најтопли температури

Океаните во светот во 2022 година биле рекордно најтопли досега како резултат на длабоките промени што емисиите предизвикани од човекот ги прават врз климата на Земјата, покажа научна анализа.

Повеќе од 90% од вишокот топлина заробена од емисиите на стакленички гасови се апсорбира во океаните. Записите кои се прават уште од 1958 година покажале незапирлив пораст на температурите на океаните со забрзано затоплување по 1990 година.

Меѓународниот тим научници што ја направи новата анализа за температурата на океаните забележа дека циклусите на енергија и вода на Земјата се длабоко изменети поради емисијата на стакленички гасови предизвикани од човекот.

„Кога се мери глобалното затоплување, над 90% од него оди во океаните. Мерењето на океаните е најточниот начин да се утврди колку е надвор од рамнотежа нашата планета. Добиваме поекстремни временски услови поради затоплувањето на океаните и тоа има огромни последици низ целиот свет “, изјавил професорот Џон Абрахам кој бил дел од тимот.

Мерењата на температурата на океаните во истражувањето покажува дека тие се најтопли во последните 1.000 години и се загреваат побрзо од било кое време во последните 2.000 години.

Температурите на површината на морето имаат влијание врз временските услови во светот. Потоплите океани помагаат да се надополнат екстремните временски услови кои водат до поинтензивни урагани и тајфуни и повеќе влажност на воздухот што води до интензивни дождови и поплави. Потоплата вода исто така се шири, го зголемува нивото на морето и ги загрозува крајбрежните градови.

Температурата на океаните е под многу помало влијание на природната климатска варијабилност отколку атмосферската температура што ги прави океаните непобитен индикатор за глобалното затоплување.

Минатата година отсега се очекува да биде четврта или петта најтопла според температурите на површинскиот воздух. Тоа ќе се утврди откако ќе се соберат сите податоци за температурата.