Околу половина од зградите во Газа се оштетени или уништени во војната меѓу Израел и Хамас, вклучително и речиси 70% од домовите, објави „Вол Стрит Џурнал“.
Весникот се повикува на анализи и сателитски снимки од Појасот Газа и други методи за далечинско набљудување. Како што се наведува, урнати се фабрики, училишта, шопинг центри и хотели, помеѓу останатото.
Израел тврди дека многу училишта, џамии и други згради биле погодени бидејќи биле користени за воени цели и како бази за операции на терористичките организации во Газа.
Медиумот пишува дека само 8 од 36-те болници во Газа примаат пациенти и дека најосновната инфраструктура е уништена.