Македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски се пласираше во финалето на турнирот во теквондо во категоријата над 80 килограми на Олимписките игри во Токио и ќе се бори за златен медал против Русинот Владислав Ларин.
Дејан Георгиевски се избори во финале на Олимписките игри во таеквондо pic.twitter.com/XLBRGLt2r1
— Радио МОФ (@RadioMOF) July 27, 2021
Георгиевски го победи претставникот на Јужна Кореја, Дон Кјо Ин, со резултат 12-6 и со тоа практично обезбеди најмалку сребрен медал, што ќе биде првиот медал за на Олимписки игри за Северна Македонија по 21 година.
Георгиевски утрово победи и во борбите со Кубанецот Рафаел Алба Кастиљо во осмина-финалето, а во четврт-финалето го победи Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска.
Финалето во кое Георгиевски ќе се бори за златото е на програмата од 14:45 часот.