Обединетите нации (ОН) ја потврдија смртта на 9.444 цивили во Украина како резултат на руската инвазија.
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН вчера објави дека меѓу загинатите има 545 деца, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ).
Исто така, се наведува дека 16.940 луѓе се повредени, меѓу кои 1.126 деца, откако Русија започна инвазија на својот западен сосед во февруари 2022 година.
Се верува дека вистинскиот број на жртви е многу поголем бидејќи информациите од некои места каде што имало интензивни борби допрва треба да пристигнат, додека другите извештаи за загинати допрва треба да се проверат, соопштија ОН.