Високиот комисионер за човекови права при Обединетите Нации (ОН) повика да се стави крај на окупацијата на Палестина затоа што во 2022 година е забележан рекорден број на убиени луѓе во тој регион, јавува „Еуроњуз“.
„За да заврши насилството, треба да заврши окупацијата. На сите страни има луѓе кои го знаат ова“, подвлекол Волкер Турк во неговиот годишен извештај за ситуацијата.
Минатата година го бележи највисокиот број на убиени Палестинци во 17 години и највисокиот број на убиени Израелци од 2017 година.
„Декада по декада на загуба и насилство. Го осудувам насилството што уби и им наштети на толкав број луѓе од двете страни и што генерира огромен очај“, изјавил Турк.
Во 2022 година починале најмалку 131 Палестинци и 13 Израелци.