Високиот комесар на Обединетите нации (ОН) за човекови права Волкер Турк го осуди тековното израелско насилство во воено разурнатиот Појас Газа, пишува „Анадолу“.
„Во просек, околу 130 луѓе умираат секој ден во Газа во последните 10 месеци. Секој ден се уништуваат домови, болници, училишта и храмови“, рече Турк.
Тој ја истакна важноста и на заштитата на цивилите, цивилниот имот и инфраструктурата како што е наведено во меѓународното хуманитарно право (МХП).
„Нашата канцеларија документира сериозни прекршувања на МХП и од израелската војска и од палестинските вооружени групи, вклучително и вооруженото крило на Хамас“, додаде Турк и ги повика двете засегнати страни да се согласат на итен прекин на огност.
„Заложниците мора да бидат ослободени. Палестинците кои се произволно приведени мора да бидат ослободени. Нелегалната окупација на Израел мора да престане и меѓународното договорено решение за две држави мора да стане реалност“, изјави Турк.
Инаку, војната во Појасот Газа почна на 7 октомври минатата година. Според податоците на палестинското Министерство за здравство досега убиени се околу 40.000 Палестинци а повредени се над 92.400.
Повеќе од 9 месеци поголемиот дел од Газа е урнат а ситуацијата дополнително се влошува поради недостиг на храна, чиста вода и лекови. Според последните истражувања на агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), во Газа има 40.000 случаи на хепатитис.