Начинот на кој Мјанмар се однесува кон муслиманските Рохинги е „школски пример“ за етничко чистење, вели Зеид Ра’ад ал-Хусеин од Обединетите нации.
Во обраќање кон Судот за човекови права на ОН во Женева, високиот службеник на меѓународното тело рече дека кон Рохингите во Мјанмар се извршува „брутална безбедносна операција“, особено во државата Ракхине. Вели дека акцијата е „јасно диспропорционална“ во однос на бунтовничките напади извршени минатиот месец.
Повеќе од 290.000 луѓе пребегнаа во Бангладеш во изминатите недели, а повеќе се заглавени на границата. Се јавува дека се палат цели села и се убиваат Рохинги, само поради нивната етничка и религиозна припадност.
„Ја повикувам владата да ја заврши нејзината моментална сурова воена операција и да одговара за сите прекршувања кои ги направи, како и да ја исправи тешката и широко распространета дискриминација врз населението на Рохингите“, вели Зеид.