На Светскиот ден на водите, 22 март, „Давос лаб“ организира онлајн дискусија за млади со наслов „Водата. Човекот. Државата.“
На дискусијата ќе се зборува за состојбата со водите како и за новата генерација на влијание и етика, а онлај настанот ќе го модерира Мирослав Драганов.
„Овој настан е дел од „Давос Лаб“ – Дијалозите кој e првиот светски план за закрепнување предводен од млади од целиот свет како одговор и решение на светските проблеми. И вие можете да бидете дел и да придонесете кон креирање на нови идеи“, велат организаторите.
На онлајн дискусијата со свое обраќање ќе учествуваат Елена Ташева – младински едукатор и проектен координатор во „Next Generation“, Евгенија Kрстевска – адвокатка за заштита на животната средина, Марија Ангеловска – менаџер за корпоративна одговорност и одржлив развој во Nordic Entertainment Group и
Сања Манчева – основач на „Ко-креатори“ социјално претпријатие кое им помага на маргинализираните групи.
Сите заинтересирани можат да се регистрираат тука.