Во среда (29 јуни) од 12 часот ќе биде организирана онлајн панел дискусија на тема „Корупцијата во урбанизмот и градежништвото“.
Дискусијата ја организира Коалиција „Сите за правично судење“ во рамките на Годишната програма за работа за 2022 година, финансирана од страна на Европската комисија преку Делегацијата на Европската Унија.
На настанот како панелисти ќе учествуваат:
– Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата
– Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС
– Катица Николовска, член на Државна комисија за спречување на корупцијата
– Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар
Заинтересираните граѓани ќе имаат можност да поставуваат прашања на дискусијата, а повеќе детали околу овој настан може да најдете на следниов ЛИНК.