По повод 18 Април – Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, ИКОМОС Македонија организира онлајн предавања на тема ,,Климатските промени и културното наследство“.
Во понеделник, со почеток во 12:00 часот, преку платформата „Зум“ преку презентации на студии на случај, со свои излагања ќе учествуваат членките на ИКОМОС Македонија д-р Ангелина Поповска од НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и м-р Сузана Касовска Георгиевска од Институтот за животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ.
„Овогодинешната тема на ИКОМОС за одбележување на овој значаен ден е „Наследството и климата“. Изборот на оваа тема претставува можност да се прикажат стратегии за промовирање на целосниот потенцијал на истражувањата и практиките за зачувување на наследството со цел изнаоѓање соодветни начини на нивно спроведување, а во насока на зајакнување на одржливиот развој, истовремено залагајќи се за праведни транзиции кон емисии со низок јаглерод. Избраната тема „Наследството и климата“ нуди можност да се одговори на прашањата: како да се користи климатската правда и правичноста при заштита на наследството и начините на кои можеме да постигнеме правична заштита на ранливите заедници преку климатска акција“, најавуваат од ИКОМОС.
Настанот е отворен за сите заинтересирани, преку слободно пристапување на следнава „Зум“ врска.