Што е ментално здравје, а што ментална хигиена? На ова и уште неколку други теми периодов ќе зборуваат лиценцирани психолози на три онлајн предавања во организација на Еurope House Скопје.
Првото предавање ќе се одржи на 12 мај, на кое учесниците ќе се запознаат со концептот на ментално здравје и благосостојба и концептот на ментална хигиена во рамки на 15 мин, и презентација на психолошка вежба. Сесијата ќе ја раководи Радмила Живановиќ, лиценциран психолог и европски акредитиран психотерапевт, Психотерапика.
Таа ќе го води и второто предавање, кое ќе се одржи на 19 мај и на него ќе се зборува за резилиентност и искуството на справување со стрес.
Последното предавање ќе се одржи на 26 мај и на него ќе се зборува за прва психолошка помош. Оваа трета сесија ќе ја води Ивана Маринчек, лиценциран психолог и европски акредитирам психотерапевт од Психотерапика.
За учество на предавањата, потребно е да се приклучите на Zoom платформата на следниот ЛИНК.
При завршетокот на сесиите, ќе следи дел за прашања и одговори од публиката.