Онлајн креативна работилница на која учесниците ќе се запознаат со тајните на цртањето стрипови и самостојно ќе пробаат да нацртат нешто, организира Институт за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет.
Ова е петтиот настан што се организира во рамките на нивната платформа за психолошка поддршка, а ќе се одржува преку Зум, во среда со почеток од 20 часот.
Работилницата ќе ја водат Здравко Гиров и Давор Драмиќанин од Здружението за промовирање на стрип културата „МАКСТРИПОВИ”.
Нивната мисија е едукација на младите таленти за подобрување на визуелниот и наративниот дел во стрип приказните. Заедно имаат водено голем број работилници и стрип школи.
Здружението „МАКСТРИПОВИ“ има за цел и да помогне во промоција на домашните стрип автори, преку организирање изложби и преку издавање промотивен стрип магазин Синдром.