Здружението за дислексија „Ајнштајн“, во рамки на проектот “Младинска информираност за дислексија” на 5-ти мај од 18 часот организира бесплатен онлајн тренинг за дислексија.
Тренингот е наменет за студенти од Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски” во Битола и Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје.
Студентите кои ќе учествуваат на овој тренинг:
1. Ќе се запознаат со терминот дислексија и знаците за нејзино препознавање
2. Ќе добијат препораки за поддршка на учениците со дислексија
3. Ќе имаат можност за учество на конференција и споделување на искуствата и стекнатите знаења од тренинзите.
4. Ќе се стекнат со сертификат за успешно завршен тренинг.
Заинтересираните студенти потребно е да го пополнат образецот за пријавување и да го поднесат најдоцна до утре, 3 мај, до 17 часот.
Организаторите на тренингот информираат дека во текот на месец април и месец мај, ќе бидат организирани уште два тренинзи кои ќе бидат наменети за студенти Медицинскиот факултет при УКИМ и Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ.
Повеќе детали можете да најдете на нивниот Фејсбук настан.