Обединетите нации (ООН) го повикаа Израел целосно да ги отвори граничните премини Карем Абу Салем и Беит Ханун (Ерез) за Палестинците да можат да добијат медицинска нега и хуманитарна помош, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Порптаролот на генералниот секретар на ООН, Стефан Дужарик рече дека преминот Ерез на 11 мај е отворен за меѓународните хуманитарни работници, но дека е затворен за Палестинците, вклучително и за палестинските хуманитарни работници и оние кои треба да ја напуштат Газа за лекување.
„Повторно ја истакнуваме потребата да се отворат и да останат отворени сите премини во Газа. Тоа е неопходно за влез на хуманитарна помош, вклучително и за гориво за основни потреби и залихи за борбата против ширењето на Ковид-19“, истакна меѓудругото Дужарик.
За време на 11-дневното израелско ракетирање, во Газа беа убиени 250 Палестинци, меѓу кои и 66 деца, додека илјадници се повредени. Истовремено пак, на израелската страна беа убиени 12 лица од ракетите на Хамас.