Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) заедно со инспектори од Одделението за внатрешни работи во Струга извршија надзор на опожареното земјиште во должина од околу 450 метри и ширина од околу 50 метри, на потегот од плажите „Версус“, „Аквариус“ и ресторанот „Аполонија“, во насока кон селото Калишта.
Настанот, како што посочуваат од ДИЖС, се случил и покрај предупредувањата до сопствениците на земјиште што граничи со пешачката патека, дека тие ќе бидат казнети доколку палат трска на државно земјиште.
Истовремено, оттаму порачуваат дека по надзорот, инспекторите на Одделението за внатрешни работи ќе спроведат истрага за откривање на сторителот, против кого најавија кривична пријава.