Општина Аеродром денеска соопшти дека е објавен јавен повик за субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети.
Повикот се објавува во рамки на Европската недела на мобилност која се одбележува во септември.
„И оваа година, општината ќе покрива средства во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, како и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 5.000 денари по лице“, се посочува во повикот.
Доделувањето на субвенциите ќе биде според принципот „прв дојден – прв услужен“, a можат да аплицираат жителите на Општина Аеродром што купиле велосипед во 2023 година, заклучно со 17 октомври, односно денот кога истекува јавниот повик.
Повеќе информации за јавниот повик се достапни на следниов ЛИНК.