Општина Битола објави Јавен повик за поддршка на лица со ретки болести за патни трошоци до болница надвор од Битола и нивни потреби, односно финансиска поддршка на лица со ретки болести кои што се наоѓаат во незавидна положба за нејзино надминување.
Периодот на пријавување, како што се посочува во повикот е отворен во текот на цела година до целосно искористување на средствата.
Исплатата како што наведуваат, ќе се врши два пати годишно, во јули и декември, а едно лице има право на искористување на средства веднаш во текот на годината, до максимален износ од 30.000 денари бруто износ од лице во зависност од потребите за лекување надвор од градот.
Критериумите и условите како и потребните документи кои едно лице треба да ги исполнува и достави за искористување на средства од Програма за социјална заштита на Општина Битола во делот на финансиска поддршка на лица со ретки болести се:
- согласно дијагноза и критериуми на Министерството за здравство да биде регистрирано како лице со ретка болест и/или да достави писмен документ од соодветна медицинска установа според кој е нагласено дека одредената состојба е ретка болест (доставена медицинска документација).
- да има соодветна медицинска документација од посети на клиника надвор од Битола (извештаи).
- да е жител на Општина Битола со важечка лична карта со адреса во Општина Битола односно доколку адресата на лична карта се разликува од адресата на живеење да се поднесе доказ дека лицето живее во Општина Битола. (доставена копија од лична карта)
- да има важечка трансакциска сметка во банка на која ќе се исплатат средствата (доставена копија од трансакциска сметка)
- пополнета пријава и изјава на нотар кои се во прилог на самиот повик или може да се подигнат од Општина Битола – булевар „1-ви Мај“, бр. 61 на шалтер број 1.
Повикот е достапен на следниов ЛИНК.