Општина Центар ги повикува жителите да пријават дупка на улица во нивното маало

Општина Центар ги повикува граѓаните да пријават дупка на улица во маалото во кое живеат, а која постојано ја заобиколуваат.

„Редовното одржување на улиците значи безбедно движење на граѓаните, велосипедите и моторните возила“, велат оттаму.

„Верувам дека овој начин на комуникација ќе донесе поголеми и побрзи резултати за граѓаните. Ние досега реконструиравме 17 улици, во моментов се работи на две тоа се улиците Елисие Поповски и Блаже Тодоровски и следуваат уште неколку за реконструкција. Но доколку станува збор за одредена дупка ги повикувам граѓаните да се јават на телефонскиот број, да ни остават точна локација и нашите службеници ќе ја пополнат,“ истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.

Граѓаните може да пријавуваат за санација на дупка на 076-381/673 секој работен ден од 8 до 16 часот.