Општина Центар денеска објави јавен повик за ангажирање лични асистенти во проектот „Образование за сите“.
Оттаму ги повикаа сите заинтересирани лица што ги исполнуваат условите да се пријават на повикот, односно, да имаат:
- минимум завршено средно образование;
- претходно искуство во работа со деца со посебни образовни потреби;
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над пет години);
- млади лица до 29 години;
- лица постари од 50 години;
- самохрани родители;
- родители на деца со попреченост.
Предност, како што соопштија од општината, ќе имаат кандидатите што имаат завршено високо образование – дипломиран наставник по предметна/одделенска настава, дипломиран психолог, дипломиран педагог, дипломиран дефектолог или дипломиран социјален работник, имаат искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проекти и поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попреченост издадена од овластена институција.
Јавниот повик трае пет работни дена од денеска.
Потребните документи и сите детали за јавниот повик можат да се најдат на следниов ЛИНК.