Општина Карпош информира дека нивните советници ја поддржале Предлог – програмата за изградба на затворен базен за пливање, кој ќе биде лоциран во состав на спортскиот комплекс „Партизан“, во населбата Карпош 4.
Предлог-програмата е поддржана на вчерашната 55. седница на Советот на Општина Карпош.
Според општинарите, проектот кој го изработија планерите од „Билд Урбан“ – Скопје предвидува базенот да зафаќа површина од 641 м2, кој пак ќе се наоѓа во непосредна близина на објектот за спорт и рекреација, со површина од 1.617 м2.
„Комплексот ќе содржи и игралиште од 461 м2, поплочени површини од 1.742 м2, а целиот простор ќе се протега на уредено зеленило од 4.151 м2. Теренот е прилагоден да овозможи и пристап за лица со попреченост, а проектот ќе го финансира Агенцијата за млади и спорт“, соопштуваат од Општина Карпош.