Општина Охрид објави повик за стипендии за основци, средношколци и студенти

Општина Охрид објави конкурси за стипендии за ученици во основните и средните училишта и стипендии за студенти од Охрид запишани на додипломски студии во прва година на државните универзитети во земјава и странство.

За учениците во основно образование Општината ќе додели стипендии во три групи:

  • стипендии за талентирани ученици од IV, V, VI, VII,VIII и IХ одделение од основни училишта во општина Охрид;
  • стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови – (ученици кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран родител – старател, од семејства кои остваруваат ниски месечни примања или пак се социјални случаи – приматели на еднократна или постојана парична помош) од VI, VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта;
  • стипендии за посебни остварувања на ученици од прво до деветто одделение кои постигнале значајни резултати во областа на: спортот, литературата, музичка, ликовна уметност и други вештини.

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.000,00 денари месечно за девет месеци, во текот на учебната 2023/2024 година. Повеќе информации околу условите и начинот на пријавување се достапни на овој линк.

Висината на стипендијата за средношколците исто така ќе изнесува 2.000 денари месечно за девет месеци, а е наменета за следните групи средношколци:

  • стипендии за талентирани ученици од I, II, III и IV година од средните училишта во општина Охрид;
  • стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови – (ученици кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран родител – старател, од семејства кои остваруваат ниски месечни примања или пак се социјални случаи – приматели на еднократна или постојана парична помош) од I, II,III и IV година од средни училишта;
  • стипендии за посебни остварувања на ученици од I, II, III и IV година кои постигнале значајни резултати во областа на: спортот, литературата, музичка, ликовна уметност и други вештини.

Повеќе информации се достапни на овој линк.

Општина Охрид информира дека ќе додели стипендии за студенти запишани на додипломски студии во прва година на државните универзитети во Македонија и на државни универзитети во други земји кои живеат во потешки социјални услови.

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000,00 денари месечно за 9 (девет) месеци во текот на академската 2023/2024 година, а повеќе информации може да се најдат овде.

Рокот за пријавување за сите три конкурси е 20 дена од објавувањето на повикот.