Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, преку Фејсбук објави дека во детските градинки во Валандово ќе се укине партиципацијата.
„Започнуваме со постапка за целосно укинување на партиципацијата на родителите, за згрижување на своите деца во детските градинки, на територијата на општина Валандово“, се вели во објавата.
Костадинов информираше дека општината целосно ќе ја покрие родителската партиципација со средства од буџетот на oпштината.
Според Костадинов, целта со оваа мерка е да се поддржат семејствата со деца на предшколска возраст, во време на енергетска и економска криза и да се зајакне солидарноста во заедницата.