Повеќе куќи во Галичник се оштетени по земјотресот од 4,9 степени, со епицентар во мавровскиот регион.
„Ве информираме дека од земјотресот во 15.25 часот има настанато штета во одделни куќи во Галичник. Би било пожелно сопствениците на куќите да ја проверат состојбата на истите и доколку има настанато штета, штетата да се пријави на надлежните институции“, соопштија од Месната заедница Галичник.
Инаку, овој е само дел од серијата земјотреси кои денеска го зафатија овој реон. Најсилниот беше утринава, нешто пред 5 часот, од кој многумина жители останаа без сон.
Силен земјотрес ги разбуди жителите – епицентарот е кај Маврово