„Birdman“ ја освои најпосакуваната награда на синоќешното доделување на Оскари за 2015, така што ја доби наградата за најдобар филм. Режисерот Alejandro González Iñárritu им ја посвети наградата на мексиканските имигранти.
Актерот Eddie Redmayne пак, ја освои наградата за најдобра главна машка улога за филмот „The Theory of Everything“ во кој го претставува познатиот физичар Stephen Hawking.
Наградата за најдобра актерка ја доби Julianne Moore за „Still Alice“. Добитник на наградата за најдобра споредна машка улога ја доби JK Simmons во филмот „Whiplash“, а најдобра споредна женска улога е прогласена Patricia Arquette во „Boyhood“.
За најдобар анимиран краток филм е прогласен „Feast“, а наградата за најдобар филм од неанглиско потекло е „Ida“.
Целата листа на добитници на 87-то издание на Оскари е на овој линк.