На 22 февруари (сабота) во Македонскиот народен театар во Скопје кога ќе се одржи втората Оскаровска гала вечер. На концертот, како што е најавено, ќе бидат изведени песни кои влегле во филмската историја и биле номинирани и наградени со Оскар.
Нив ќе ги изведат македонските пејачи, Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, Дејан Бобиќ Дексо, Марија Димитријевиќ, Јасна Димитровска заедно со Битолскиот камерен оркестар „IWConnect“ под диригентската палка на Владимир Димовски и Полифонија.
„Миланка Рашиќ, коментатор на Оскаровското шоу и автор на емисијата за филм ‘Во кадар’ на МТВ, ќе ја води публиката низ Оскаровските приказни. Филмската магија на сцената ќе ја создадат и настапите на балетските уметници Саша Ефтимова и Ендрју Кук, како и танчерите од танц клубот ‘Dancers United’. Модната куќа Елена Лука со гламурозните креации ќе даде моден печат на оваа блескава музичко филмска ноќ, исто како и на првата Оскаровска гала вечер“, велат организаторите.
Пристигнувањето на посетителите на Црвениот тепих е од 19:30., а концертот Оскаровска Гала вечер ќе започне во 20 часот, соопштија организаторите.
Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес. Влезници за Оскаровската Гала вечер може да се набават на билетарницата на МНТ и онлајн на следниов ЛИНК.