Во сабота (15 ноември) со почеток во 13 часот ќе се организира прошетка низ историски локации од 13.11.1944, Денот на ослобдувањето на Скопје.
Зборно мест е Стоковната куќа Мост во Скопје, од каде присутните ќе ја почнат својата прошетка
– 70 години по ослободувањето на нашиот главен град, се повеќе споменици и паметници исчезнуваат, музејските поставки се губат, а се помалку младите генерации знаат за битките во и околу главниот град, како и тогашните главни актери.
Затоа, на 15-ти ноември (а не на денот на ослободувањето 13-ти!) ќе посетиме некои од локациите каде е изборена победата против фашистите. Ќе се посетат споменикот на стреланите скопјани, партизанската спомен-оружарница, споменикот на ослободителите на Скопје (женска гимназија) и учителската школа, се наведува во поканата за настанот.
Прошетката ќе биде збогатена со сеќавањата на живите ослободители од 12-тата Ударна Бригада.